Кога ќе помислите на различни фан бази, сигурно прво што ви поминува низ глава се караниците меѓу нив, но овојпат,македонските тинејџери докажаа дека прераснуваат во зрели личности кои добро знаат што сакаат и која е нивната цел.Своите сили ги здружија:
DIRECTIONERS
BELIEBERS
SELENATORS
SWIFTERS
LITTLE MONSTERS
LITTLE BLACK STARS
SMILERS
MAHOMIES
ARIANATORS
LOVATICS
RIHANNA-NAVYES
Видеото и целата организација е предводена од група креативни тинејџери насловени “Macedonian Teenagers MK" кои стојат зад голем број тинејџерски проекти во Македонија.Во видеото се пишува на англиски јазик, но веднаш под напишаното има и македонски превод.
Воведниот дел од видеото започнува со:“Здраво! Ве молиме погледнете го видеото!Ние сме тинејџери од Македонија.Македонија е мала земја во Европа, на Балканот.Ние сме припадници на различни фан бази,но сме обединети бидејќи сакаме да ги видиме нашите идоли во нашата земја.Овде, никој не се грижи за нашите желби,никој не верува во нашите сонови.Ние само сакаме да ги видиме нашите идоли како секој член на нека фан база.Дали знаете како се чуствуваме?Се чуствуваме ужасно. И плачеме..Секој ден ја губиме нашата надеж.Па вe молиме помогнете ни да ги оствариме нашите сонови!“
А потоа секоја фан база кажува нешто со кое се обидува да “долови“ емоции од гледачите.Можеме со сигурност да кажеме дека им успева.После претставувањето на сите 11 фан бази, видеото се одјавува со зборовите:
“Ние секогаш гласаме за нашите идоли на MTV награди и такви нешта.Ние секогаш ги поддржуваме нашите идоли.Секогаш се грижиме за нив.Бидејќи..Ние сме горди членови на различни фан бази.Па, ве молиме помогнете ни.Не е важно кој е вашиот идол, само помогнете ни.Оваа љубов е посебна.Ние правиме историја.Нашите идоли се легенди.Па, ве молиме споделете го ова видео со вашите пријатели!Ни треба голем број прегледи на видеото!Па помогнете ни! Извинете за секоја можна грешка.Многу љубов,македонските тинејџери.“
ШТО ПОНАТАМУ?
-Откако видеото е прикачено на Youtube,сега имаме месец дена да се потрудиме да собереме голем број прегледи на него.По еден месец, видеото ќе биде објавено на официјалните веб страни на продукциските куќи во Македонија, сите официјални страни на пејачите кои се споменуваат во видеото.Единствено што се бара од македонските фан бази е барем еднаш да го погледнат видеото.
ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ
Bravo.Uspejavte nesto?
OdgovoriIzbrišiDE BE PREKINI AJ ZATNI SI JA MUCKATA VEKE EDNAC i PREKINI DA VREGJAS!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Izbriši