ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Ни претставува чест што сте еден од нашите следбеници. Нашата главна цел е да ги публикуваме резултатите од анкетите поврзани со тинејџерските идоли. Анкетите ги објавуваме на нашата фејсбук страна (тука), а резулатите од нив ги објавуваме токму на овој блог. Ви благодариме на поддршката, ни значи многу!

ХОРОР ПРИКАЗНИ И ХОРОР ЛЕГЕНДИ

- Хорор Легенда: Животот на Елизабет Батори:


Според легендата, откако слугинката од дворецот ја изнервирала со неквалитетната услуга, унгарската сурова грофица Елизабет,за која многумина ја сметале како вистински вампирски потомок, и забила ножици во главата. Крвта на девојчето паднала на рацете на Елизабет.Кога Елизабет ја избришала крвта, и се причинило дека на тоа место каде што стоела крвта,кожата и била помлада. Тогаш,на својата 39-годишна возраст,смислила како да ја врати својата убавина. Мислела дека ако се бања во крвта на девојките,таа ќе ги врати своите дваесет години.Елизабет ги повикувала младите, најчесто девојките од својот замок, сурово ги мачела, ја користела крвта од нивните вени,а потоа ги убивала.По некое време разбрала дека крвта на селските девојки нема ефекти. Заклучила дека и треба квалитетна крв и во 1609.отворила академија во својот замок.Унгарската „вампирка“ ги мачела жртвите со ножици,игли,и остри делови од огледала...Некои сведоци тврдат дека таа имала дури и врска со грофот Дракула,така што нејзината фамилија била проколната,иако имала огромна верба во Бог.Елизабет е откриена во 1610. година. Веста за 
злосторствата стигнала до царот,а тој наредил да ја 
уапсат. Учесниците кои и помагале биле осудени на смртна казна, а бидејќи таа била од богато семејство кое долго време владеело,не била погубена. Меѓутоа, како казна за убиствата на младите девојки,Елизабет била заѕидана во нејзиниот замок,односно во мала просторија,каде што и давале вода и храна еднаш дневно.Во 1614 година рекла:
“Господе,дај ми болест,бидејќи ако се самоубијам ќе направам грев“, а два дена подоцна таа била пронајдена мртва.




- Хорор Приказна.

Приказната е стара која е раскажана од извидничко друштво во ‘70-тите.
- Мистериозната жена по име Бетси се омажила за извидник и човек со голем авантуристички дух,по име Џо,сонувајќи за нејзината голема кариера.Таа се надевала дека еден ден ќе стане пејачка и ќе ги освои музичарите со својот извонреден глас.Додека брачниот пар бил населен во Калифорнија,таа постојано патувала.Еден ден,возејќи се по еден морбиден автопат,здогледала елен пред нејзиното возило.Не успеала да запре и починала во истиот момент.
Нејзиниот сопруг,Џо,веднаш по откривањето за несреќата,ја препознал Бетси по нејзиниот прстен кој и го подарил на нивната последна годишнина.Тој бил страшно разочаран и продолжил со својот живот,организирајќи извиднички одред.Целиот имот во Калифорнија припаднал на одредот,кога Џо постепено ја заборавал својата поранешна сопруга.
Од друга страна,се зборува дека Бетси се противела на извидниците,а во тој момент толку ги мразела што била подготвена за одмазда.Разочараниот дух на Бетси може да се сретне во стариот парк во Калифорнија,вели извидникот,доколку ја сретнете,добро погледнете ја во нејзините очи,ако има сини очи,таа нема ни да ве забележи,но доколку нејзините очи се црвени или портокалови,таа дефинитивно сака да ве нападне.
Оваа приказна е обична измислица за многу луѓе во Калифорнија,иако извидникот кој тврди дека е токму оној кој добро го познава Џо,може одлично да ја оживи и да ја направи посебна...




- Хорор Легенда.

Од приказните со духови кои следуваат, дефинитивно ќе ве полазат морници по грбот. Оваа колекција надреални фотографии, ќе ве натера да го преиспитате сето она што сте го знаеле за духовниот свет и да размислите дали овие два света се навистина толку многу оддалечени, како што луѓето отсекогаш верувале.

Паранормалните истражувачи потрошиле децении макотрпно истражувајќи ја секоја фотографија, откривајќи некои работи и неуспевајќи да дознаат други. Тие сметаат дека повеќето од ваквите фотографии со „духови“ можат логично да се објаснат како трик на светлината, сенките и апаратот, кој направил да гледаме нешто што не постои. Во што ќе верувате, одлучете сами откако ќе ги прочитате овие морничави приказни.

Оваа фотографија е направена во 1959 г. во австралискиот град Алис Спрингс, во Северната територија, на карпата Коробори. На неа гледаме нешто што наликува на жена која ги држи рацете кон нејзиното лице и гледа во далечина.





- Хорор Легенда

Оваа урбана легенда е поврзана со човек, кој се чекирал во еден хотел на неколку ноќи. Откако му бил предаден клучот од собата, жената на рецепција го предупредила дека во ходникот кон неговата соба, имало врата без број. Таа објаснила дека заклучената соба се користела за складирање работи, а исто така го предупредува да не се обидува да влезе во собата ниту да ѕирка низ клучалката. Човекот и покрај тоа што бил заинтригиран, отишол веднаш во својата соба, без да поставува повеќе прашања.
Но, веќе втората ноќ, неговата заинтригираност го надвладеала и се упатил кон собата без број. Се фатил за кваката, но вратата била заклучена, баш како што му рекла жената од рецепција. Бидејќи не сакал да се откаже така лесно, тој се обидел за ѕирне низ клучалката. Позади вратата, навидум се простирала голема хотелска соба, сосема нормална и слична на неговата. Но, во ќошот стоела една жена со бледо лице, чија глава била потпрена на ѕидот наспроти вратата. Збунет, мажот се вратил во својата соба.
На третиот ден, човекот решил да погледне барем уште еднаш низ клучалката. Но, овој пат, видел само црвена боја, ништо друго, туку само постојана, силно темна нијанса на црвено. Помислил дека можеби жената се посомневала дека некој ја надгледува и ја покрила клучалката со нешто црвено за да не се гледа внатре во собата. Тој одлучил да оди долу и да ја праша жената на рецепција. Таа воздивнала и го прашала дали погледнал низ клучалката. Откако потврдил, таа му ја кажала целосната приказна. Многу години наназад, некој човек ја убил својата жена во таа соба и затоа собата е прогонувана од нејзиниот дух од тој момент. Се велело дека нејзиниот дух е многу блед, освен нејзините очи, кои се со силно црвена боја!




- Хорор приказна за куклата Били.

Оваа кукла е дел од серијалот Пила и со помош на неа убиецот ги пренесува пораките до своите жртви. Смеењето на оваа кукла е чисто зло. Откако пораката е испорачана, таа ќе седне и ќе ја гледа жртвата за да се осигура дека личноста ќе си го спроведе своето убиство. Оваа зла кукла ќе ве исплаши и со самиот свој изглед. Ќе дојде на велосипед во собата и полека ќе ја врти главата кон вас, и тогаш ќе слушнете порака којашто ви ја кажува вашата судбина. Вашата смрт е неизбежна.


           


- Хорор приказна за чудната Кукла Клован.

Една дадилка во САД, откако ги легнала децата во кревет, решила да гледа малку телевизија додека не се вратат родителите на децата. Но во дневата соба приметила кукла клован која и била морбидна, бидејќи се чувствувала како да ја набљудува. Таа се јавила на таткото на децата за да го праша дали може да гледа телевизија во нивната спална соба бидејќи се исплашила од куклата кловн. Но таткото во истиот момент кренал паника, наредувајќи и на дадилката веднаш да ја напушти куќата заедно со децата. Девојката прашала зошто, а човекот и одговорил бидејќи тие немаат кукла клован а децата веќе му кажале неколку пати дека ја виделе куклата, но тој мислел дека тоа е дел од нивната имагинација. Но веќе било касно за бегање... На крај се испоставило дека тоа не била кукла туку пореметен човек со џуџест раст кој пред неколку недели избегал од болница и се криел во нивната куќа.




- Хорор приказна за Хорор Викендицата.

- Јас и неколку другари и другарки од улицата има една викендичка таму одиме значи секоја вечер и секогаш мора да ни се случи нешто ненормално.. Еднаш бевме по кајсии ии сите онака на дрво и од еден ќош гледам сенка но не како на маче или куче него.. незнам нешто необјасниво алии што е најчудно немаше ништо ама баш ништо таму.. И потоа почнав да трчам... :/

- Исто така кај таа куќа ми се има случено додека играме жмурка да отидам таму да се скријам и едно купче со сено се запали пред мои очи..

- До викендичката имаше една куќа во која живеат луѓе кој се занимаваат со овошје и зеленчук .. Па заминавме да крадеме, сите крадеме ии кога видовме оди некој човек по улица и сите се разбегавме ... а кога помина човекот сите се стрчавме да си одиме ама другарка ми што беше до вратата почна да вриска, и да бега.. и после кога ја здопревме ја прашавме зошто врискаше и бегаше .. и ни рече дека додека седела до вратата некој и ја влечел врвката од патиката внатре и кога ни ја покажа врвката цела беше разресена.   

- Повторно во таа куќа се случи нешто страшно.. Заминавме таму и решивме да повикуваме духови, ни покажа дека има некој во куќата .. во тоа време заѕвони ѕвончето и другарками како станува за да отвори така позади неа се покажуваа нејзините стапки (вдлабнување во тепихот)  па се "помочавме" од страв..




- Хорор приказна: За време на Бадниковата вечер.

За Бадник, се договоривме со моите пријатели да одиме по куќи .. и така одевме и видовме една некако чудна куќа, но не сме ја ввиделе друг пат .. и така почнавме да пееме, и никој не искочаше потоа почнавме да пееме најгласно што можевме, и одеднаш вратата сама се отвори се слушаше врискање, и почна да грми ... потоа сите се затрчавме како ненормални.. Па кога стигнав дома така уплашен - беше 19-20 часот, па се качив дома и искочив на балкон, гледав во таа куќа и видов човек со бела коса кој бепе завртен и изгледаше многу страшно иако не му ја видов главата, па почна да се врти со главата накај мене а јас кога видов ќе полудев ... веднаш заминав во собата и ја затворив балконската врата, оддтогаш јас и моето друштво веќе не одиме да пееме по куќи за Бадник.



До сите читатели кои сакаат мистериозни и хорор приказни и легенди, имаме изненадување .. од денеска повторно почнуваме да ги објавуваме хорор приказните и легендите, за почеток една голема мистериозна приказна. Уживајте!

Се плашите од темница? Спиете со уклучено светло? Слушате звуци во делови од домот кога знаете дека сте сами? Сега ќе прочитате приказна за духови која има нешто поинакво во неа од останатите: се’ од приказната е вистина!

ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ЗА ДУХОВИ



Вилијам Вилмер, офтамолог кој работел во Вашингтон во почетокот на дваесеттиот век, бил еден од најдобрите доктори за очи во неговото време. Меѓу неговите пациенти биле осум различни претседатели, од Вилијам Меккинли до Френклин Рузвелт. Освен тоа, ги лечел и Чарлс Линдберг, познат авијатичар, Џозеф Пулицер, и безброј успешни Американци. Но, неговиот најголем успех било тоа што во 1921 успеал да го убеди престижниот весник за офтамологија да објави приказна за духови. Приказната му била кажана на Вилмер од негов пациент, кој го идентификувал како госпоѓа Х., за да ја заштити нејзината приватност. Чудните нешта кои ги искусила таа и нејзиното семејство започнале во 1912, набрзо откако таа, нејзиниот сопуг и нивните деца се преселиле во голема куќа во која никој не живеел една деценија. Куќата немала електрична енергија, била осветлувана од ламби и загревана од стара печка во подрумот.


„Јас и мојот сопруг живеевме само неколку денови во куќата кога започнавме да се чувствуваме депримирани. Подот беше покриен со дебели теписи кои го апсорбираат звукот на слугите на семејството кои ја работат својата работа. Оваа тишина беше вознемирувачка. Но, пострашни беа звуците од стапала на луѓе кои не беа таму, или барем не можеа да се видат со голо око. Едно утро, слушнав чекори во собата над мојата глава. Побрзав по скалите и на мое изненадување, собата беше празна. Отидов во следната соба, а потоа и во сите соби на катот, и потоа и на катот над тој, за да откријам дека бев единствената личност во тој дел од куќата. “

Чудната моќ на куќата растела со времето. Наскоро, целото семејство страдало од болки во главата и умор, а кога тие легнувале да одморат, главоболките и уморот се влошувале. Децата биле најмногу погодени. Тие биле бледи речиси цело време, се чувствувале изморени и болни и имале слаб апетит. Тие имале соба за играње на третиот кат, но и покрај многубројните играчки, тие молеле да играат во спалната соба.

Во декември годината, госпоѓата Х. и децата биле толку истоштени што одлучиле да отидат на кратко патување, додека сопругот останал дома. Одморот направил чуда за жената и децата, но кутриот господин Х. бил повознемирен од било кога. Чудни и необјасниви звуци го вознемирувале во текот на ноќта и не му дозволувале да спие. Често пати се будел од ѕвонење на предната врата, но кога станал да отвори, немало никого. Истото се случувало и со телефонското ѕвонење. Некоја вечер се разбудил од звуците на противпожарна патрола која застанувала во непосредна близина. Побрзал до прозорецот и открил дека улицата е пуста и тивка.


Во јануари, децата и мајката се вратиле во домот и наскоро започнале да страдаат како и порано. Децата редовно биле настинати, а настинката се подобрувала кога оделе надвор. Послугата не била поштедена, исто така. За време на денот, тие чувствувале дека некој ги следел. Навечер, биле будени од чудни звуци.

Потоа пристигнале појавувањата.


Сите слушале звуци, но никој не видел дух... се’ до јануари 1913. Госпоѓата Х. го видела прва. „Едно утро, како што поминував од собата за цртање во трпезаријата, бев изненадена кога видов една чудна жена со темна коса и облечена во црно на другата страна на собата како доаѓа кон мене. Како што тргнав кон неа, таа исчезна. Ова се случи три различни пати.“ Дрига ноќ, една од слугинките се разбудила и видела стар човек и млада жена како седат на крајот на нејзиниот кревет и гледаат во неа. Таа лежела парализирана се’ додека невидлива рака ја допрела по рамото и таа одненадеж можела да стане. Како што станала, човекот и жената исчезнале. Една друга ноќ, господин Х. бил разбуден од прсти на дух кои се обидувале да го задават за вратот.

Доколку само една личност гледала и слушала чудни работи, тоа би се претпоставувало како имагинација на личноста. Но, сите во куќата слушале чудни звуци и гледале привиденија. Што и да се случувало во домот, било вистинско. Кога семејството ги контактирало претходните сопственици, разбрале дека истото се случувало многу години. 

Докторот кој го посетил семејството во домот имал поинаква дијагноза. Тој тврдел дека мебелот е загаден со јаглерод моноксид, што може да биде фатален. Семејството го сменило мебелот и ја исчистило куќата со професионалци и кога се вратиле повторно во домот, звуците не биле таму. Како духовите биле поврзани со отровот, се’ уште не е познато.

22 komentara:

  1. Anonimno7/07/2014

    -Преубаво. <3
    -Аjде следно. (:

    OdgovoriIzbriši
  2. Anonimno7/07/2014

    beautifulll ^^
    next please <3

    OdgovoriIzbriši
  3. Anonimno7/08/2014

    Следноо :)

    OdgovoriIzbriši
  4. Anonimno7/08/2014

    sledno *O*

    OdgovoriIzbriši
  5. Anonimno7/08/2014

    Следно.(:

    OdgovoriIzbriši
  6. Anonimno7/09/2014

    baa strasnicni nekoj staveteee ^^

    ajde slednooo

    OdgovoriIzbriši
  7. Anonimno7/10/2014

    ајде следнооо :) :D

    OdgovoriIzbriši
  8. Anonimno7/18/2014

    Waw strashno ama amazing xDDD

    OdgovoriIzbriši
  9. Anonimno7/19/2014

    Strav od klovnovi mi stana.

    OdgovoriIzbriši
  10. Anonimno7/22/2014

    Почнав многу од кловнови да се плашам

    OdgovoriIzbriši
  11. Anonimno7/29/2014

    sledno molam

    OdgovoriIzbriši
  12. Anonimno7/30/2014

    Billy kuklata koa kje doe da mi ja kaze sudbinata neka go zeme i poremetenoto dzudze klovn od mc da mi donese dzuzeto za posleden.pat da jadam od mc donds

    OdgovoriIzbriši
  13. Anonimno11/18/2014

    V - R - V <3

    OdgovoriIzbriši
  14. Anonimno11/18/2014

    Прекеасно е ! :* :*

    OdgovoriIzbriši
  15. Anonimno11/19/2014

    waoo poslednata <3

    OdgovoriIzbriši
  16. Jovanna11/19/2014

    х'супер <3 !!

    OdgovoriIzbriši
  17. Anonimno11/28/2014

    Aj be slednooooooooloo

    OdgovoriIzbriši