ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Ни претставува чест што сте еден од нашите следбеници. Нашата главна цел е да ги публикуваме резултатите од анкетите поврзани со тинејџерските идоли. Анкетите ги објавуваме на нашата фејсбук страна (тука), а резулатите од нив ги објавуваме токму на овој блог. Ви благодариме на поддршката, ни значи многу!

Тинејџерска љубов.



Со „излегувањето“ од пубертетот и влегувањето во она што го нарекуваме „тинејџерство“ ниеден од тинејџерите не останува рамнодушен кон љубовта па дури и оние со срце од „камен“. Во тинејџерските години го запознаваме
она чуство наречено „пеперутки во стомакот“ а многумина од нас не знаат баш како да се справуваат со тие чуства... затоа следат неколку совети во врска со тинејџерската љубов.

1. Уживај во секој миг со него/неа
Сигурни сите вие имате моменти со оние кои ги сакате/свиѓате па без разлика дали моментот е добар или лош уживајте со него затоа што ако не го направите тоа... подоцна ќе се каете. 

2. Ако не друго бидете само другари 
Денешен најчест „љубовен проблем“ помеѓу тинејџерите е тоа што љубовта не е возвратена или добиваат само лажна надеж. Доколку се сомневате дека добивате лажна надеж од него/неа слободно кажете му/и го вашето мислење а исто така за возврат побарајте искрен одговор.

3. Гледајте го во очи и не срамете се
Исто така проблем е и „погледот во очи“ и „срамот“. За да оној што го сакате мисли дека вие целосно т.е со сето срце го сакате покажете го тоа со еден длабок поглед во очи и без срам. 


Напишано од:
Г.Л

1 komentar: