ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Ни претставува чест што сте еден од нашите следбеници. Нашата главна цел е да ги публикуваме резултатите од анкетите поврзани со тинејџерските идоли. Анкетите ги објавуваме на нашата фејсбук страна (тука), а резулатите од нив ги објавуваме токму на овој блог. Ви благодариме на поддршката, ни значи многу!

Знаци кои покажуваат дека те сака.

„Дали и тој ме сака?“- прашање кое речиси секојдневно се врти во тинејџерските глави. Овојпат решив да ви помогнам т.е да ви кажам сигурни знаци кои покажуваат дека те сака.

Тинејџерска љубов.



Со „излегувањето“ од пубертетот и влегувањето во она што го нарекуваме „тинејџерство“ ниеден од тинејџерите не останува рамнодушен кон љубовта па дури и оние со срце од „камен“. Во тинејџерските години го запознаваме

РЕЗУЛТАТИ ОД КОЈА ПЕСНА Е ПОДОБРА , MIDNIGHT MEMORIES или CONFIDENT

- Од анкетата која се изврши на следниов линк https://www.facebook.com/photo.php?fbid=890916947601975&set=a.705483126145359.1073741900.198474530179557&type=3&theater , дознавме дека подобра е песната Midnight memories , честитки на сите Directioners :)


РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА : КОЈА ПЕСНА Е ПОДОБРА Come and get it или Red ?

- Според добиените резултати од анкетата , која песна е подобра дали : Come and get it или Red со изведувачи : Selena Gomez и Taylor Swift добиени се следните резултати : Come and get it - Selena Gomez е подобра песна од Red - Taylor Swift .
- Анкетата беше спроведена на слениов линк : https://www.facebook.com/photo.php?fbid=889716457722024&set=pb.198474530179557.-2207520000.1404407121.&type=3&theater


НАЈГОЛЕМА ФАН БАЗА 2014

Сигурно ви е познато дека секогаш стоиме на страната на македонските тинејџери,нивните желби и сонови и нивните активности поврзани со фан базите на кои припаѓаат.Со цел да знаеме на кои фан бази треба да им посветиме внимание во иднина, традиционално и оваа година ја спроведуваме анкетата за НАЈГОЛЕМА ФАН БАЗА во Македонија.

Во конкуренција на 9 фан бази повторно го поставивме истото прашање а овојпат се потрудивме и да дознаеме повеќе податоци за официјалните фејсбук групи на македонските фан бази.Резулатите и податоците во продолжение!



1.BELIEBERS



Фејсбук групата на Џастин Бибер во Македонија е насловена „Macedonian Beliebers"

Број:633 членови
Администратори:4 администратори (3 девојки,1 машко)
Рамноправност: 70% женски и 30 % машки
Најмногу членови од:Скопје,Битола и Струмица
Групата е основана:2011 година
Прва активност:Собир по повод роденден на Џастин Бибер во Скопје и Охрид
Досегашни активности:3 светски трендови за македонските белибери, собир на плоштад “Македонија“ и дарување пари на бездомници,собир за родендени на пејачот
Фејсбук страни:две официјални страници предводени од администратори
Етничка рамноправност:70 % македонци, 20 % албанци, 10 % турци и други етнички групи

2.DIRECTIONERS



На минатогодишната најголема фан база во Македонија годинава и се случи една неволја-фејсбук групата беше нападната од хакери, па поради тоа истата е заменета со нова фејсбук група. Важно е да се напомене дека старата група броеше 684 членови,имаше 4 администратори (но еден беше главниот раководител кој ја контролираше нивната работа), процентуално 80 % се женски, а 20 % машки.Групата била основана во јануари 2011, најмногу членови имала од Скопје. Во продолжение, податоци за новата група, која е замена за хакираната.

Фејсбук групата на One Direction во Македонија е насловена „1D Macedonia Fans"

Број:бројот на членови сеуште не е познат, сеуште се врши префрлување на фановите 
Администратори:4 администратори 
Рамноправност: 80% женски и 20 % машки
Најмногу членови од:Скопје
Групата е основана:2011 година
Прва активност:собир на 23 јули 2013
Досегашни активности:6 официјални собири, и неофицијални собири за зближување
Фејсбук страни:поседуваат сопствена страна
Етничка рамноправност:70 % македонци, 10 % албанци, 10 % турци и 10 % босанци


3.СОНЦИЊА







































Фановите на македонското откритие на годината-X factor ѕвездата Даниел Кајмакоски од ден на ден се во поголем број и ги зголемуваат своите активности.Очигледно се навистина зафатени како нивните проекти да стигнат до рацете на нивниот идол, па неможеа да ни споделат одредени информации за нивната фејсбук група.

Познато е дека тие имаа заеднички tiny chat со Даниел, каде тој им свиреше и пееше на гитара во живо, и познато е дека тој е член на групата и постојано контактира со нив.Интересен факт е дека во групата членуваат и голем број белибери, дирекшионери, селенатори и припадници на други странски фан бази.

4.LOVATICS


Не успеавме да добиеме официјални податоци за фан базата на Деми Ловато во Македонија, но неформални извори тврдат дека постои мала фан база составена од 120 членови.


5.SELENATORS

Немаме официјална група за македонските фанови на Селена Гомез.

6.ANGELS (TEENETICS)

Фан базата на Aнгелите во Македонија е насловена “Casi Angeles Macedonia" и брои вкупно 5.476 членови.

7.SWIFTIES

Според неофицијални информации, Тејлор има вкупно 150 македонски фанови.

8.SMILERS


Немаме податоци ниту за оваа фан база во Македонија.

LITTLE MONSTERS


Немаме официјални податоци за фан базите на Гага во нашата република.


Резултатите од минатогодишната анкета за најголема фан база:
http://teen-anketi.blogspot.com/2013/10/blog-post_15.html

КОЈА ПОСТАПКА НА СЛАВНА ЛИЧНОСТ БИ ЈА СПРЕЧИЛЕ?

И планетарно популарните ѕвезди имаат проблеми како сите обични луѓе.Кога ние ќе згрешиме за тоа дознаваат само нашите најблиски, но кога ќе згрешат тие, тоа го гледа целата светска јавност.Нашата нова анкета и ја посветивме на ѕвездите кои имаат згрешено, а со тоа ги прашавме фановите која постапка од наведените би ја спречиле доколку имаат можност:

1.Zayn Malik (пуши цигари)
2.Demi Lovato (сечење вени)
3.Miley Cyrus (тверк танцот)
4.Justin Bieber (пушење трева)

Дел од постапките кои се наведени се поддржани од страна на фановите на овие ѕвезди, но дел од нив се и остро критикувани.Во продолжение, резулатите од анкетата!

1.Justin Bieber (пушење трева)

проблем:младата ѕвезда беше фатена на дело како пуши марихуана на некоја приватна забава
признание:Justin ја призна својата вина и им вети на своите фанови дека нема да се повтори оваа грешка во живо од "Saturday Night Live" со зборовите “Тоа момче знае дека направи грешка, но нема да ја повтори повеќе.“

Иако го следуваат низа од скандали, сепак се немаат појавено нови фотографии или докази кои ќе упатуваат на тоа дека пејачот е зависен од наркотици.Очигледно Bieber го одржа своето ветување!

2.Zayn Malik (пушење цигари)

проблем:папараците честопати знаат да го “фатат“ Zayn додека пуши цигари
признание:Ниту Zayn, ниту од менеџментот на Оne Direction немаат изјавено ништо на темава

Иако поворасните сметаат дека оваа постапка на ѕвездата од One Direction не е правилна и не претставува добар пример на своите фанови, сепак верните фанови на бендот сметаат дека тоа е негова одлука, иако се загрижени за неговото здравје.Тие укажуваат дека секогаш ќе го поддржуваат.

3.Demi Lovato (сечење вени)

проблем:во 2011 година, чести беа сликите на кои можевме на забележиме крвави линии на рацете на Demi 
признание:младата пејачка воопшто не се срами да зборува на оваа тема.Напротив, таа отворено разговара за тоа и за перидот на рехабилитација.Со својата упорност и храброст преставува добар пример за сите нејзини фанови.

Повеќе од сигурни сме дека Demi не ја повторува оваа грешка никогаш повеќе-а и нема причина за тоа!

4.Miley Cyrus (тверк танцот)

проблем:каде и да перформира во живо, Miley  изведува тверк танц кој баш и не е пристоен.
признание:на оваа тема, Miley и нејзините блиски зборуваа во MTV изданието за неа, насловено “Miley the Movement" 

За жал, неможеме да кажеме дека некогашната дизни ѕвезда ја поправува својата грешка.Miley запаѓа во се подлабока криза, а тоа е многу очигледно.Додека сите ја осудуваат,никој не ја гледа деструктивната и депресивна MIley!



НАЈГОЛЕМА ФАН БАЗА ВО МАКЕДОНИЈА


Овојпат поставивме една од најинтересните и најследените анкети на нашата страна-анкетата за “Најголема фан база во Македонија“. Со обзир на тоа дека бројот на членови на фан базите постојано се менува, оваа анкета ја применуваме секои 6 месеци. 

Во оваа анкета, на огромно изненадување на фановите на Selena Gomez,пејачката не беше во конкуренција за најголема фан база на Selenators.Причината поради тоа е што нејзините фанови кога се даваа предлози за анкетата во посебно прозорче на овој блок,не ја предложија нивната омилена пејачка, за што навистина жалиме!

На првата анкета со ист наслов, пред 6 месеци победија белиберите.А кој победил сега, дознајте во продолжение!


1.DIRECTIONERS

Фан базата на One Direction  во Македонија зајакнала.Официјалната фејсбук група на македонските directioners брои над 1000 членови.Опишени се како најлудите фанови во светот.

2.BELIEBERS



Фан базата на Bieber во Македонија од врвот падна на второто место.Како претходни победници,ќе додадеме нешто за фановите на Bieber:Можеме да ги опишеме како цврста фан база која има воспоставено специјална врска со својот идол.Познати се како “најперверзните фанови во светот“ и зафаќаат 45 % од светската површина.Официјалната фејсбук група на македонските beliebers брои нешто над 700 членови.Најстариот фан на Bieber е 76 годишниот дедо од Тексас,Фернандо.

3.LOVATICS

Фановите на Demi Lovato застанаа на третото место.Опишани се како “најподдржувачките фанови во светот“.Податоци за нивната фејсбук група немаме, бидејќи имаме повеќе групи, па не е возможно да се знае која е официјална.

4.SWIFTERS

Фановите на Swift застанаа на четвртото место.Тие се фан базата која најмногу расте во последните две години.Според одредени податоци, 12 % од фановите на Swift ја напуштиле фан базата поради романсата на пејачката со Harry Styles.

5.LITTLE MONSTERS

Исто како и својата “мајка чудовиште“, така и фановите на Gaga се опишани како “најскандалозните фанови во светот“.

6.SMILERS

Фан базата на Miley бележи пад од 23 %, кои според светските критичари се должат на несоодветното однесување на некогашната Дизни ѕвезда.Нашите резултати ја ставија оваа фан база на шестото место!

7.ARIANATORS

Сосема изненадувачко, но фан базата на слатката Ariana Grande за прв пат се појавува на било која анкета во Македонија за тинејџери.Кај нас, застана на седмото место.Нејзините фанови се опишени како “најшармантни“.Фан базата на младата пејачка бележи раст од октомври 2012 до октомври 2013.

8.LITTLE BLACK STARS

Опишани како “најмаскирани“ фанови, малите црни ѕвезди застанаа на осмото место.

9.RIHANNA-NAVYES

Rihanna каде и да оди има свои фанови.Пред неколку дена одржа концерт пред неверојатни 67.000 луѓе и со тоа го сруши рекордот за најпосетуван концерт на млада ѕвезда.Нејзината фан база бележи раст од 9 % !

10.MIXERS


Слатките девојки од Little Mix се најдоа на десеттото место, што судејќи на фактот дека своите корени во Македонија ги пуштија неодамна, ова е добро пласирање!

11.MAHOMIES

Новата тинејџерска ѕвезда има раст на својата фан база, а најмногу од фановите се некогашни белибери, кои наоѓајки замена за соврешен дечко,според податоците , го заменуваат Bieber со Austin,кој има изјавено дека е boybelieber.Сепак, вистинските фанови на Bieber претставуваат океан во споредба со фановите на Austin-само една мала капка, судејќи дека Austin е нова ѕвезда.

12.WANTERS

Момците од The Wanted застанаа на последното место.Тие бележат зголемување на фан базата откако ги започнаа расправиите со момците од One Direction.Опишани се како многу посериозни од One Direction,а неговите фанови го носат прекраот на “загубени“.

-На чија фан база вие сте припадник?


ИМ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ ФАНОВИ КОИ ПОМОГНАА ПРИ ДАВАЊЕТО ПОДАТОЦИ ЗА ФЕЈСБУК ГРУПИТЕ,ПОДАТОЦИ ЗА ФАН БАЗИТЕ И ФАКТИ ЗА ИСТИТЕ.